Дома Топ вести Челзи го продава Канте, веќе му најде замена

Челзи го продава Канте, веќе му најде замена

Раководството на Челзи планира големи промени на тимот во текот на летниот преоден рок, а клубот може да го напушти и миленикот на навивачите, Нголо Канте.

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи одлучил на лето да го продаде Канте, бидејќи веќе нашол негова замена.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Голема желба на „сините“ е ѕвездата на Вест Хем, Деклан Рајс, кој оваа сезона игра фантастично и е еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата.

Токму поради тоа Челзи е спремен да го продаде Канте и со тоа да го финансира трансферот на Рајс, бидејќи Вест Хем за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

30-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и „сините“ веруваат дека сега е идеално време за негова продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…