Дома Македонски спорт Хаџиевски не го напуштил Вардар: Ќе биде спортски директор и од Саудиска Арабија

Хаџиевски не го напуштил Вардар: Ќе биде спортски директор и од Саудиска Арабија

Иако пред пет дена беше објавено дека повеќе нема да биде спортски директор на фудбалскиот клуб Вардар, Ѓоко Хаџиевски ќе остане на почесната функција.

Како што соопштуваат скопските „црвено-црни“, соработката со Хаџиевски продолжува и понатаму.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во името на клубот и во името на големата фудбалска легенда Ѓоко Хаџиевски, би сакале на целокупната јавноста да и ја соопштиме веста дека и покрај новиот тренерски ангажман во Саудиска Арабија, сепак почесната функција – спортски директор на ФК Вардар, ќе продолжи да ја одработува и понатаму, чесно и одговорно како и досега.

Важно е да напоменеме дека Хаџиевски во клубот работеше без притоа да потпише било каков договор , ниту па да побара било каков финансиски надоместок за сработеното.

Дојде затоа што почувствува потреба да му помогне на Вардар, и тоа во период кога многумина други Вардарови легенди го вртат грбот и кои за жал, се амнестираат себеси по прашањето на ФК Вардар. Соработката помеѓу клубот и господинот Хаџиевски продолжува и понатаму. Борбата за Вардар продолжува и понатаму! – стои во објавата на ФК Вардар.

Инаку, нашиот поранешен селектор во изминатиот период беше назначен за нов тренер на Хајер, второлигаш од Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…