
Најуспешниот македонски фудбалски клуб Вардар преку официјално соопштение потврди дека во текот на зимскиот преоден рок се раздели со Ворен Чимбембе.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фудбалерот од Конго пристигна во Скопје минатото лето со големи очекувања, особено ако се земе предвид неговото претходно искуство и настапите во францускиот фудбал, но на крајот не успеа да го остави посакуваниот впечаток. Во Вардар дојде од редовите на Мец, а зад себе имаше и ангажмани во Гингам, Мирандес и Троа.
Чимбембе, сепак, во македонската престолнина пристигна во слаба натпреварувачка форма и долго време му беше потребно да влезе во ритам. Иако доби неколку можности да се докаже, не успеа значително да придонесе во играта на „црвено-црните“.
Во актуелната сезона за Вардар настапи на седум натпревари, сите како резерва, и постигна само еден погодок. Така, неговата епизода во дресот на најтрофејниот македонски клуб заврши без поголем белег и очекуван ефект.