Во ноќта која е зад нас одиграни беа девет натпревари во НБА лигата, а фантастични настапи прикажаа Џејмс Харден, Пол Џорџ и Каваи Ленард.
Кошаркарите на Клиперси гостуваа кај Минесота и победија со 124:117. Пол Џорџ забележа учинок од 46 поени, пет скока и седум асистенции, додека Ленард имаше 42 поени, 11 скоквои и две асистенции. Треба да се спомене и дека за домаќините одличен натпревар одигра Таунс со 39 поени и 12 скока.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лејкерси гостуваа кај Мајами, а Леброн беше прилично расположен при враќањето во градот каде што освои две титули. „Кралот“ против својот поранешен тим во победата од 113:110 уфрли 28 поени, додаде 12 асистенции и забележа девет скока. Неговите соиграч Ентони Дејвис иста така стигна до дабл-дабл со 33 поени и 10 скока.
Најдобар играч вчера беше Џејмс Харден. Кој во гостинската победа на Хјустон против Орландo постигна 54 поени. Вестбрук додаде 23 поени, седум скокови и шест асистенции. Ракетите во овој момент се на скор од 17 победи и осум порази.
Треба да се додаде и дека Јанис Антетокумпо го предводеше својот Милвоки до победа против Мемфис од 127:114 со 37 поени 11 скокови. Најдобар на овој натпревар беше Џексон од Мемфис со 43 поени.
Останати резултати:
Филаделфија – Њу Орлеанс 116:109
Атланта – Индијана 100:110
Чикаго – Шарлот 73:83
Јута – Голден Стејт 114:106
Сакраменто – Њујорк Никси 101:103