Дома Фудбал Деко се врати од Англија во Барселона: Доби големо „ДА“ од одличен напаѓач

Деко се врати од Англија во Барселона: Доби големо „ДА“ од одличен напаѓач

Спортскиот директор на Барселона, Деко, престојуваше во Лондон, каде што имаше средба со агентот на напаѓачот на Челси, Жоао Педро. Бразилецот е отворен за доаѓање во Каталонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона се прости од Роберт Левандовски по четири години соработка. Полјакот замина со солзи од Камп Ноу, а Каталонците тргнаа по нов напаѓач.

Многу имиња се поврзуваат со Барселона. Најчесто тоа е Хулијан Алварез, но тешко дека шпанскиот шампион може да исплати 150 милиони евра, колку што Атлетико од Мадрид бара за Аргентинецот.

Спортскиот директор Деко се насочи кон поевтини опции. Се упати во Лондон за да разговара со агентите на бразилскиот напаѓач Жоао Педро и се врати со добри вести. Играчот е подготвен да дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…