
Тимот на Њујорк го совлада Кливленд на свој терен со резултат 109:93, така што се наоѓа на половина пат до големото НБА финале. Во првото полувреме, тимовите беа изедначени во резултат и ниту една од страните не стекна водство повеќе од шест поени.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Домаќините ја направија решавачката серија на почетокот на третата четвртина, кога резултатот беше 53:53, направија одлична серија од 18 поени без одговор за само пет минути, влегувајќи во последната четвртина со +15 (85:70).
Кливленд успеа да намали со 8-0 серија на само седум поени разлика, но тоа беше се што успеаја да постигнат, бидејќи Никси повторно ја зголемија разликата на +19 и сигурно го завршија натпреварот.
Најдобар на теренот беше Џош Харт, кој успеа да постигне 26 поени и пет тројки, додека имаше и седум асистенции и две украдени топки.
Микал Бриџис и Џејлен Брунсон постигнаа по 19 поени секој, а Карл-Ентони Таунс заврши со дабл-дабл постигнувајќи 18 поени и 13 скокови.
Во редовите на Кливленд најдобар стрелец беше Донован Мичел со 26 поени, додека Џејмс Харден реализираше 18 поени.
Кливленд ќе биде домаќин на следните две средби, а првата ќе се игра во ноќта меѓу сабота и недела. Да потсетиме, финалната серија во Источната конференција се игра на четири победени средби.