Дома Фудбал Ги предвиде последните три светски шампиони и сега има свој фаворит!

Ги предвиде последните три светски шампиони и сега има свој фаворит!

Кога октоподот Пол во 2010 година точно предвиде дека Германија ќе го освои Светското фудбалско првенство во Јужна Африка, стана познат насекаде.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот економист Јоаким Клемент го надмина Пол.

Од 2014 година, користејќи сложен модел за предвидување, Клемент непрекинато три пати последователно точно ги предвиде светските шампиони.

За претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико, прогнозира дека титулата ќе ја освои Холандија – репрезентација која секогаш била силна, но никогаш не се закити со оваа титула.

Покрај победникот, неговиот модел успеа да предвиди и целиот тек на турнирот со 48 репрезентации – од изненадувачката победа на Јапонија над Бразил во втората рунда, до поразот на Шкотска од Јужна Кореја во првата етапа на елиминациите.

Англија би требало да стигне до полуфиналето, каде што, според прогнозата, ќе биде елиминирана од Португалија, како што беше случајот на Мундијалот во 2006 година во Германија.

Клемент вели дека неговото истражување не е наменето за да се поштеди некој од разочарување или пак да се заработи преку обложување.

Туку, сакаше да покаже колку е бесмислено да се пробува да се предвидат резултатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брозовиќ може да направи трансфер каков што никој не очекува

Познатиот хрватски фудбалер Марсело Брозовиќ би можел да ја продолжи кариерата во Италија.…