
Навивачите на Милан си замислуваа различен крај. Можеби почесниот круг околу “Сан Сиро” со овации и признанија по успешната сезона во која ја одигра клучната улога, но реалноста е сосема друга – Лука Модриќ дефинитивно го напушта тимот на “росонерите”!
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според италијанските медиуми, а посебно доверливиот “Тутомеркато”, хрватскиот играч за средина на теренот веќе го известил раководството на клубот дека нема намера да остане во Милан и следната сезона.
Возобновувањето на договорот, кое до пред малку раучено изгледаше само како формалност, ненадејно пропадна. Иако Модриќ изнајде одлична хемија со тренерот Масимилијано Алегри и управата на клубот, до разделба дојде поради спортски мотиви.
Имено, Лука бараше јасни технички и спортски гаранции во врска со проектот на клубот за следната сезона. Сакав да знае во која насока се движи Милан и какви се амбициите на трансфер пазарот, а бидејќи одговорите очигледно не беа задоволителни, одлучи да замине понатаму.
Она што најмногу ја интригира јавноста е неговата следна дестинација. Според истите извори, Модриќ би можел да се врати во Реал Мадрид! Хрватот очигледно ја задржал волјата да игра на највисоко ниво, а враќањето во Мадрид, каде стекна легендарен статус, се наметнува како најреална опција во овој момент.
Да потсетиме, Модриќ оваа сезона беше еден од клучните играчи во системот на Алегри, па сега управата на Милан ќе се соочи со тежок предизвик да најде соодветна замена за човекот кој раководеше со средината на теренот.
Сепак, и самиот Алегри во меѓувреме доби отказ бидејќи Милан остана без Лига на шампиони.