Дома Фудбал Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Престојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, што значи дека големите растојанија меѓу стадионите ќе направат фудбалерите значителен дел од времето да го поминат во патувања.

Особено е интересно дека босанската репрезентација ќе има најдолго патување од сите учесници во групната фаза, бидејќи ќе прелета над 5.000 километри.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, босанските фудбалери ќе патуваат преку 5.057 километри за да ги одиграат сите три натпревари во групната фаза против Канада, Швајцарија и Катар.

Првиот натпревар против Канада, БиХ ќе го одигра на 12 јуни во Торонто, по што ќе летне за Лос Анџелес каде на 18 јуни, на стадионот СоФи, ќе се сретне со Швајцарија.

Потоа ќе следува патувањето до Сиетл, каде што тимот на Сергеј Барбарез ќе го заврши својот настап во групната фаза со дуел против Катар.

Слично на БиХ, селекцијата на Алжир ќе прелета 4.783 километри во оваа фаза, додека тимот на Чешка очекуваат патувања во вкупна должина од 4.524 километри.

Светското првенство стартува на 11 јуни и ќе заврши на 19 јули кога ќе се одигра големото финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aртета веќе мисли на засилувањата, сака ѕвезда од 115 милиони евра!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, направи храбар чекор, лично упатувајќи се во намерите д…