Дома Фудбал Татко на млада ѕвезда јавно го критикуваше селекторот: Мојот син е подобар од сите што си ги повикал!

Татко на млада ѕвезда јавно го критикуваше селекторот: Мојот син е подобар од сите што си ги повикал!

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте избра 26 играчи на кои се потпира за време на Светското првенство. Направи низа изненадувања, на списокот нема играчи од Реал Мадрид, а таткото на ѕвездата на Монако Ансу Фати, тврди дека неговиот син е подобар од сите напаѓачи на списокот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Некогашна најголема надеж на шпанскиот фудбал Ансу Фати воздивна во Монако. По низа тешки повреди, неуспешно заемство во Брајтон и отпишување во Барселона, 23-годишникот се установи меѓу Кнежевите и одигра многу добра сезона.

Монако сака да го откупи од Барса каде што е под договор до летото 2028 година. Сепак, Фати се надева на уште една шанса во каталонскиот гигант, иако се малку шансите дека ќе ја добие.

Младиот напаѓач постигна 12 голови оваа сезона во дресот на Кнежевите. Играше многу добро во завршницата на сезоната и неговиот татко Бори смета дека Ансу заслужил да ѝ биде на списокот на Луис де ла Фуенте за Светското првенство.

„Ансу ја заврши сезоната подобро од кој било друг шпански напаѓач, а сепак не беше повикан на Светското првенство. Штета. Сигурно би бил повикан да играше почесто, тоа е очигледно. Ќе дојдат и други шанси”, рече Бори Фати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манев: БиХ и Турција се квалитетни ривали, но Македонија оди на победа

Македонската фудбалска репрезентација е во завршна фаза од подготовките за пријателските н…