
Македонската фудбалска репрезентација е во завршна фаза од подготовките за пријателските натпревари против Босна и Херцеговина и Турција, кои претстојат во следниот период.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дефанзивецот Јован Манев повторно е дел од националниот тим, откако се врати по пауза поради повреда.
Тој истакна дека атмосферата во репрезентацијата е позитивна и дека играчите се максимално фокусирани, со јасна цел – да се прикаже добра игра и да се оди на позитивен резултат на двата натпревари.
„Нè очекуваат натпревари против квалитетни репрезентации како Босна и Херцеговина и Турција. Подготвени сме да го дадеме максимумот, без разлика дали станува збор за пријателски натпревар или натпревар за бодови. Такви поделби не постојат кога се игра за репрезентацијата, затоа што секој натпревар е исклучително важен. Уверен сум дека сите ќе го дадеме максимумот на овие два натпревари и се надевам на победи. Самото тоа што БиХ и Турција се квалификуваа на Светско првенство покажува дека станува збор за репрезентации со голем квалитет, но тоа нема да значи ништо ако ние бидеме на вистинското ниво и го дадеме максимумот на теренот. Им честитаме за пласманот на Светското првенство, но ние одиме таму да дадеме сто проценти и да победиме “, изјави Манев.
Фото: ФФМ