Дома Останати Кошарка „Бомба“: Жељко Обрадовиќ може да заврши во Барселона!

„Бомба“: Жељко Обрадовиќ може да заврши во Барселона!

Според шпанските медиуми, Барселона има интерес за ангажирање на Желјко Обрадовиќ како нов тренер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што наведува “L’Sportiua”, а чија информирација ја пренесува Mundo Deportivo, каталонскиот гигант размислува за можност која до неодамна изгледаше речиси недостижна – доаѓањето на најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата, Желјко Обрадовиќ.

По информациите дека Чави Пасквал донел одлука да го напушти клубот на крајот на сезоната и да замине во Дубаи, во Барселона почнаа да бараат алтернативи.

Меѓу преку разгледуваните опции се издвојуваат имињата на Ибон Наваро, актуелниот тренер на Уникаха, со кој наводно веќе постои усмен договор, како и Василис Спанулис, поранешниот стратег на Монако.

Искусниот српски тренер, кој има 66 години, е моментално без клуб откако ја напушти функцијата во Партизан кон крајот на ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Газдата на Нотингем доби ќотек на трибини среде финале во Евролигата (Видео)

За време на натпреварот дојде до конфликт на трибините. Евангелос Маринакис, сопственикот …