Дома Фудбал Гатузо ќе го води Лацио, еве и колку ќе заработува!

Гатузо ќе го води Лацио, еве и колку ќе заработува!

Џенаро Гатузо го презема кормилото на Лацио и се враќа во Серија А по петгодишна пауза. После деветтото место во лигашката конкуренција и поразот од Интер во финалето на италијанскиот Куп, претседателот на римскиот клуб, Клаудио Лотито, реши да ја прекине соработката со досегашниот стратег Маурицио Сари и го ангажираше Гатузо, кој веднаш најде нов клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според италијанските медиуми, сè е речиси завршено. Договорена е двегодишна соработка, а весникот Il Tempo открива дека Гатузо ќе заработува два милиони евра годишно. Во наредните неколку дена ќе се одржи дополнителна средба за да се финализираат последните детали од договорот.

Гатузо беше без работа само два месеца, откако не успеа како селектор на Италијанската репрезентација по поразот од Босна и Херцеговина во дополнителните квалификации за Светското првенство. Иако се шпекулираше дека ќе го преземе Торино, овој легендарен италијански фудбалер сепак продолжува со кариера во Рим.

Последниот ангажман на Гатузо во Серија А беше во сезоната 2020/21, кога со Наполи го освои Италијанскиот Куп победувајќи го Јувентус. Во Италија управуваше и со Милан, Палермо и Пиза. Надвор од Италија, стекна искуство со тимовите на Валенсија, Олимпик Марсеј, грчкиот ОФИ, швајцарскиот Сион, како и на сплитскиот Хајдук, каде беше тренер во сезоната 2024/25 и заврши на третото место со 63 бодови.

Стандингите се обезбедени од Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ја однесе Шпанија во полуфиналето со неговите голови. Играл само 9 минути.

ШПАНИЈА се избори за полуфиналето на Светското првенство по драматичната победа од 2:1 про…