Дома Останати Авто Мото Хамилтон и Верстапен добија јасни предупредувања пред последната трка

Хамилтон и Верстапен добија јасни предупредувања пред последната трка

Луис Хамилтон и Макс Верстапен на стазата во Абу Даби ќе решаваат кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2021 година.

Хамилтон и Верстапен во последната трка влегуваат со ист број на бодови (369.5) со тоа што Холанѓанецот е во подобра позоција и има победа повеќе. Возачите на Мерцедес и Ред Бул во текот на сезоната имаа неколку судири на патеките.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Токму од таа причина Хамилтон и Верстапен, но и сите останати возачи добија јасно предупредување дека можат да им се одземат бодови и да бидат суспензирани доколку во Абу Даби со намера направат некој голем инцидент.

„Секое кршење на принципите во натпреварувањето, неспортско однесување или обид да се влијае на резултатот на начин на кој е спротивен на спортската етика ќе биде казнет. За сите ФИА првенства, купуви, предизвици, трофеи или серии важи дека судиите можат да ги изречат следните казни: Суспензија за едно или повеќе натпреварувања, одземање бодови за првенството“, порача до возачите пред трката директорот, Мајкл Маси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…