Дома Останати Фјури во свој стил пред големата борба: За него сум како Ѓоковиќ на Вимблдон

Фјури во свој стил пред големата борба: За него сум како Ѓоковиќ на Вимблдон

Во Саудиска Арабија вечерва ќе се одржи една од најспектакуларните боксерски претстави оваа година. Тајсон Фјури ќе ги вкрсти ракавиците со поранешниот шампион во УФЦ, Франсис Нгану.

Фјури на прес-конференцијата борбата ја најави во свој стил и со споредба со Новак Ѓоковиќ објасни зошто се гледа како фаворит.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Нгану не може многу да понуди. Тоа е како шампион во пинг понг да игра против Новак Ѓоковиќ во финале на Вимблдон. Боксот е повеќе од физичка пресметка, тоа е џентлменски спорт и со мајсторија се доаѓа до нокаут. Ќе го нокаутирам веднаш, не сме платени за долги борби“, изјави Фјури.

Во кариерата Фјури има 33 победи и едно реми, а по борбата со Нгану го очекува меч со Александар Усик во боба за обединување на појасите во тешка категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…