
Поранешниот светски шампион во тешка категорија британскиот боксер Тајсон Фјури ќе се врати на натпреварувањата на 11 април со борба против Русинот Арсланбек Махмудов, објавија денес организаторите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Возбуден сум што се враќам. Срцето отсекогаш било и секогаш ќе биде во боксот”, изјави 37-годишниот Фјури.
Борбата ќе се одржи во Велика Британија, но местото на одржување не е објавено.
„Возбуден сум за оваа шанса. Доаѓам да водам војна. Тајсон Фјури беше голем шампион. Ќе бидам подготвен повеќе од кога и да е за да излезам со голема победа”, изјави Махмудов, рускиот боксер кој живее во Канада.
Последен пат Фјури боксуваше во декември 2024 година, кога вторпат беше поразен од Украинецот Олександр Усик, а еден месец подоцна објави дека се повлекува од боксот.
Пред нивните две борби, Фјури беше непоразен во 35 меча, од кои забележа 34 победи.