Дома Македонски спорт Мак фудбал Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на 19. мај на Националната Арена

Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на 19. мај на Националната Арена

На денешната седница на управниот одбор ФФМ одлучуваше за датумите и местото на одигрување на финалињата во Купот на Македонија во сите категории.

Главната одлука е финалето помеѓу Академија Пандев и Силекс да се игра на Националната Арена на 19. Мај. Останатите ќе играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Исто така е одлучено да се започне со промената на вештачката трева на помошниот терен во Ѓорче.

„У.О. на ФФМ донесе одлука финалето од Купот на Македонија во сениорска конкуренција да се одигра на 19. мај 2021. година на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

У.О. на ФФМ донесе одлука финалните натправари од Купот на Македонија во младински конкуренции да се одиграат на 25. и 27. мај 2021 година на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

– Куп на Македонија (помлади пионери), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;

– Куп на Македонија (пионери), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;

– Куп на Македонија (кадети), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;

– Куп на Македонија (младинци), 25. мај 2021. Т.Ц. „Петар Милошевски“, Скопје;

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за започнување на активности за промена на вештачката трева на помошниот терен на стадионот во Ѓорче Петров;“, стои во соопштението од ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…