
Поранешниот напаѓач на Интер и ПСЖ e во голема неволја во родната Аргентина, откако властите започнаа постапка против него поради видео објавено на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како Икарди управува автомобил, додека неговата партнерка Чина Суарез седи до него без безбедносен појас и се наведнува низ прозорецот на возилото. Токму тој снимок беше доволен за да реагираат надлежните институции.
Според одлуката на властите во покраината Буенос Аирес, на Икарди му е превентивно суспендирана возачката дозвола, а во регистрот забраната важи сѐ до 2099 година. Иако звучи неверојатно, тоа е административна ознака која останува во сила додека не ги исполни условите за повторно добивање на правото за возење.
При проверката е утврдено дека аргентиската возачка дозвола на Икарди истекла уште во мај 2019 година. За повторно да може да вози во Аргентина, ќе мора да помине психолошка проценка со која ќе се утврди дали е способен за управување со возило.
.ИКАРДИ ВОЗИ СО ИСТЕЧЕНА ДОЗВОЛА 🚘⚠️
Еугенија „Чина“ Суарез го тргна безбедносниот појас и го истакна дел од телото низ прозорецот додека Мауро Икарди продолжуваше да вози.
По ширењето на видеото, утврдивме дека Икарди имал истечена возачка дозвола. pic.twitter.com/lV5rFGbD1w— Министерство за транспорт (@TransportePBA) 21 септември 2026