Германскиот возач во болидот на Ферари, Себастијан Фетел денеска славеше во првата трка од новата сезона во Формула 1.
Иако за него трката не почна како што посакуваше, сепак преку боксот и безбедносното возило успеа да ги претекне конкурентите и да дојде до победа на првата трка оваа сезона. После трката Фетел призна дека имал доста среќа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имавме среќа со безбедносното возило, но навистина уживав во текот на трката. Се надевав дека ќе бидам подобар на почетокот, но мораше да се задоволам само со третото место. Имав проблеми со гумите во тие моменти и се молев безбедносното возило да излезе на стазата.“- изјави Фетел.