Репрезентацијата на Македонија до 21 година доживеа пораз од 3:1 против Украина на „Анталија купот“.
Овој натпревар беше прв за оваа селекција откако се врати селекторот Благоја Милевски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Украина заслужено победи бидејќи ние бевме послаб противник, посебно во првиот дел кога Украинците создаваа многу повеќе сериозни шанси.
После првото полувреме Украина имаше предност од 1:0, на стартот од вториот дел зголемија на 2:0, за потоа во финишот да постигнат и трет погодок. Конечните 3:1 ги постави Марио Костовски кој за нас погоди во последните минути од натпреварот.
Ова беше прв натпревар во Анталија каде што ќе играме уште два. Летонија ќе биде нашиот следен противник, а турнирот го завршуваме во натпревар против Естонија на 26-ти март.