Дома Македонски спорт Трајковски: Натпреварот на „Ренцо Барбера“ за мене ќе биде враќање дома

Трајковски: Натпреварот на „Ренцо Барбера“ за мене ќе биде враќање дома

Македонија во март ја чека баражот со Италија за Светското првенство, а доколку нема промени тој натпревар ќе се игра во Палермо, клубот каде што Александар Трајковски помина четири години.

Трајковски на Сицилија дојде од белгискиот Зулте Варагем во 2015 година и беше во клубот до 2019 година кога мораше да си замине после банкротот на клубот. Во дресот на Палермо запиша 113 настапи во Серија А и Сербија Б. Од Палермо како слободен фудбалер премина во Мајорка, а денес игра во Алборг.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот порача дека со нетрпение го чека баражот во градот кој останал во неговото срце и тоа за него ќе биде посебен натпревар.

„Натпреварот на „Ренцо Барбера“ за мене ќе биде враќање дома. На овој стадион одиграв повеќе од 50 натпревари за Палермо и секако ќе имам посебни емоции. Мислам дека така ќе биде и за Несто. Освен тоа играме против европскиот шампион и сигурно дека не чека тешка задача. Сите имаме голема желба да оствариме позитивен резултат и да испишеме нова страница во македонската фудбалска историја“, изјави Трајковски.

Ќе потсетиме покрај Трајковски, убав период во Палермо помина и Илија Несторовски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…