
Еден од најдобрите фудбалери на светот Килиан Мбапе повторно е во центарот на вниманието на светските медиуми, но овојпат не поради случувањата на теренот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ѕвездата на Реал Мадрид моментално се опоравува од повреда на коленото, но и додека е надвор од теренот успева да ги полни насловните страни на таблоидите ширум Европа.
Причината се фотографиите од Париз кои брзо се раширија на социјалните мрежи.
На нив се гледа Мбапе во друштво на популарната шпанска актерка Естер Експосито, што веднаш покрена лавина гласини за нивната наводна врска.
Според пишувањата на странските медиуми, тие двајца биле видени на романтична вечера во еден ресторан во Париз со поглед на Ајфеловата кула.
Сведоци тврдат дека изгледале многу опуштено и расположено додека уживале во вечерата.
После тоа, наводно биле видени и во еден продажка кафуле во Париз каде што заедно седеле, разговарале и се смееле.
Фотографиите од таа средба брзо станаа вирални на интернет, а фановите веднаш почнаа да нагаѓаат дека можеби се раѓа нова позната врска.
.