
Кошаркарот Лука Дончиќ ја прекинал врската со долгогодишната избраничка Анамарија Голтес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Словенечките медиуми денови наназад пишуваат за оваа тема. Лука Дончиќ е најпопуларната личност во Словенија, а кога Анамарија Голтес ги избришала сите заеднички фотографии од социјалните мрежи, било јасно дека нешто се случува меѓу нив двајцата.
Лука Дончиќ игра одлично за Лос Анџелес Лејкерс и изгледа дека љубовниот неуспех не влијае на него. Според пишувањето на порталот „Журнал24“, Лука Дончиќ бил оној кој ја иницирал разделбата со Анамарија Голтес, со која е свршен од 2023 година.
Тие двајцата се заедно од тинејџерските денови, од нивната 12 годишна возраст, а имаат и две деца, две ќерки. Габриела е родена во 2023 година, а Оливија на свет дојде во декември минатата година.
Претходно се зборуваше дека летото 2018 година ја прекинале врската, пред НБА драфт кога Лука беше избран од Далас, но многу брзо се помириле и продолжиле од каде што застанале.