Дома Фудбал Да не верува човек: Ова е сумата што Реал Мадрид ја има на сметката!

Да не верува човек: Ова е сумата што Реал Мадрид ја има на сметката!

Реал Мадрид се смета за еден од најбогатите клубови во светот, но сумата во кеш што Кралевите ја имаат на сметката не ја поддржува таа репутација. На сметката имаат само 3.4 милиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шпанскиот портал Voz Populi наведува дека екипата предводена од фотелјата од Флорентино Перез има само 3.4 милиони евра во кеш. Тоа навистина е неверојатно, но тие објаснуваат зошто износот е толку низок.

“Реал Мадрид моментално има проблеми со готовината. Клубот на почетокот на јануарскиот трансфер период имаше само 3.4 милиони евра во кеш,” наведува Voz Populi и додава:

“Пред шест месеци тој износ изнесуваше 175.8 милиони евра. Сепак, се потроши се на засилувања кои пристигнаа на Сантијаго Бернабеу.”

Ова е јасен знак дека Реал ќе мора да направи одредени продажби во текот на летото за да ја наполни сметката со кеш. Веќе се зборува за одредени заминувања и ќе видиме кој би можел да го напушти Мадрид.

Се разбира, се очекуваат и одредени доаѓања. Се најавува пред се Родриго, кој би можел да ги чини околу 30 милиони евра, но останува да се види што ќе се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како сето ова успеал да го внесе на стадионот? Виралниот навивач на Атлетико пак правеше сендвичи (Видео)

Среде натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1), фокусот на гледачките очи го при…