Сплитски Хајдук вчера играше пријателски натпревар против тимот на Радомље, а за овој натпревар во составот на тимот предводен од Џенаро Гатузо го немаше македонскиот фудбалер, Александар Трајковски.
Според информациите, Трајковски на последниот тренинг пред натпреварот почувствувал болка во пределот на листото на ногата и сите во клубот донеле одлука дека е подобро да го прескокне тој дуел.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Засега повеќе детали околу неговата повреда нема и би требало да бидат објавени по посетата на специјалистички преглед во Загрев.
Повредата на Трајковски значи и дека македонскиот напаѓач ќе почека за првиот натпревар под водство на Гатузо.