Дома Фудбал Влаховиќ доби силен шамар од Барселона, се знае поради кого го отпиша целосно Флик

Влаховиќ доби силен шамар од Барселона, се знае поради кого го отпиша целосно Флик

Влаховиќ има договор со Јувентус до крајот на оваа сезона и речиси сигурно е дека српскиот напаѓач ќе смени клуб на лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Јувентус не успеа да ги исполни очекувањата кои се имаа кога за повеќе од 80 милиони евра дојде од Фиорентина и изгледа дека дојде време да тргнат по сопствени патишта.

Влаховиќ се поврзува со многу европски клубови, но во последно време главна тема е интересот на Барселона.

Шпанските медиуми објавија дека Деко покажа голем интерес за Влаховиќ, пред сè поради тоа што можат да го доведат Србите без отштета.

Барселона има потреба од нов напаѓач бидејќи е веројатно дека Роберт Левандовски ќе си замине на лето, и Влаховиќ се чинеше како една од сериозните опции, но сè се промени.

Влаховиќ стопираше преговори со други клубови поради Барселона и покажа дека многу би сакал да дојде во каталонскиот клуб, но на крај, Ханси Флик ја отфрли можноста за доведување на овој напаѓач.

Флик не е баш фан на Влаховиќ и верува дека српскиот напаѓач не би се вклопил премногу добро во системот што тој го негува во Барселона.

За германскиот стручњак постојат два имиња на кои им дава предност пред Влаховиќ, а тоа се Јулиан Алварез и Омар Мермуш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…