Дома Моторспорт Тотална доминација на Мерцедес на стартот од новата сезона, шампионот не заврши ниту на подиум (Видео)

Тотална доминација на Мерцедес на стартот од новата сезона, шампионот не заврши ниту на подиум (Видео)

Возачот на Мерцедес Џорџ Расел победи денес на трката во Формула 1 за Големата награда на Австралија, со која започна новата, 77. сезона на шампионатот.

Расел на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн го забележа шестиот триумф во кариерата, а на второ место заврши неговиот тимски колега Италијанецот Андреа Кими Антонели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На последното место на победничкиот пиедестал се искачи возачот на Ферари Шарл Леклер, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон ја зазеде четвртата позиција.

Петтото место му припадна на бранителот на титулата, возачот на Мекларен Ландо Норис, шести ја заврши трката четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен од Ред Бул, а седмото место го зазеде возачот на Хас Оливер Берман.

Бодови освоија уште и возачот на Рејсинг булс Арвид Линдблад, Габриел Бортолето од Ауди и возачот на Алпин Пјер Гасли.

Расел за победата освои 25 бодови, Антонели на второ место има 18 бодови, а Леклер е трет со 15 бодови.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ужасни сцени: Автомобил излета од патека директно во публика, едно момче го загуби животот (Видео)

Ужасни сцени беа забележани на рели-натпреварот „Судамерикано“ во Аргентина кога автомобил…