Во текот на денешниот ден се рашири вест која го растажи кошаркарскиот свет.
Тејлор Хонејкут, кошаркарот кој претходната сезона настапуваше за Химки изминатата ноќ во вооружена престелка трагично го завршил својот живот. Тејлор отворил оган на полицијата во Лос Анџелес, која била приморана да возврати, па кошаркарот бил погоден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На крајот се покажа дека се што се пишуваше утрово е точно.
„Специјалната единица влезе во објектот и го пронајде неговото тело без знаци на живот. Итната медицинска помош можеше само да констатира смрт“, се наведува во соопштението.
Наскоро се очекуваат и повеќе информации за се што се случило во домот на овој кошаркар кој во својата кариера го носеше дресот уште на Сакраменто Кингс и Ефес.
This is a tragic news.
Tyler Honeycutt killed in a shootout with cops in Sherman Oaks https://t.co/D01r2wQexI— Sportando (@Sportando) July 7, 2018