Минатиот викенд во Лос Анџелес борбата меѓу Тајсон Фјури и Донтеј Вилдер заврши без победник, а уште сега се договара нов спектакл, овој пат на Олд Трафорд.
Иако Донтеј Вајлдер преферира борба на Вембли или стадионот на Арсенал, Емирати, Фјури бара евентуален римеч да се одржи на Олд Трафорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тој (Франк Ворен ) ми вели да одиме кај Арсенал, ама јас го одбив. Му реков за мене само на Олд Трафорд. Се надевам дека може да договориме таква борба за на лето“ – изјави Фјури, кој синоќа присуствуваше на Олд Трафорд на натпреварот помеѓу Јунајтед и Арсенал.