Дома Македонски спорт Сојузот на спортови на Град Скопје ги додели наградите 13. ноември

Сојузот на спортови на Град Скопје ги додели наградите 13. ноември

Сојузот на спортови Скопје оваа година ја додели наградата 13 Ноември на предлог на Комисијата и со одлука на Управниот одбор на Сојузот.

Сојузот на спортови на Скопје ги доделува овие награди повеќе од 50 години, а оваа година врачувањето на наградите е поразлично од претходно поради вонредните услови кои што ги наметна пандемијата од Ковид-19.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Наградата 13 Ноември на Спортист се доделува на спортистот Игор Димовски, кој што е  долгогодишен активен спортист -триатлонец и маратонско пливање, за освоена шампионска титула во Триатлон, со забележителни резултати на меѓународни триатлон натпревари и за препливувањето на Ламанш.
Наградата  Спортски работник се доделува на Александар Петровски,  познат репрезентативец, спортски работник, тренер во  ракометниот спорт, директор на спортски центар  “Борис Трајковски”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…