Дома Фудбал Англија Солскјер сигурно ќе го води Јунајтед против Ватфорд

Солскјер сигурно ќе го води Јунајтед против Ватфорд

Манчестер Јунајтед нема да му врачи отказ на тренерот Оле Гунер Солскјер после поразот од Манчестер Сити на „Олд Трафорд“, пренесува „Гардијан“.

Солскјер продолжува да ја има поддршката од клубот и покрај незадоволителните игри на тимот во последните шест кола, во кои освои само 4 бода и имаше тешки порази од Ливерпул и Манчестер Сити.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Според „Гардијан“ Солскјер сигурно ќе биде на клупата на Манчестер Јунајтед и на следниот меч против Ватфорд, кој на програмата е на 20-ти ноември, веднаш после репрезентативната пауза.

После 11 кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед е на 6-то место на табелата и заостанува 9 бода од лидерот Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигна гол, сакаше да прослави пред навивачите на Фенербахче и – се посрамоти! (Видео)

Фудбалерите на Нотингем Форест успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лига Европа, и…