Maнчестер Јунајтед после репрезентативната пауза во сабота ќе гостува кај Лестер во рамките од 8. коло во Премиер лигата.
Тимот на Оле Гунар Солскјер во последното коло одигра само 1:1 дома против Евертон, а норвешкиот стратег после натпреварот беше мета на критики. Него му се замеруваше што Роналдо го остави на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На социјалните мрежи се појави и видео во кое Фергусон во разговор со Кабиб Нурмагомедов кој го следеше овој натпревар исто така ја критикува таа одлука на Солскјер.
„Јас сум тренер. Јас одговарам за играчите во овој клуиб. Убаво е секогаш да го имате Роналдо на теренот затоа што секогаш можете да очекувате дека ќе направи нешто. Тој е неверојатен професионалец и страшен голгетер. Јас би бил најсреќен кога би можел да игра на секој натпревар, но морам да внимавам на ротацијата. Сакаме да ги имаме сите играчи спремни до крајот на сеозната“, изјави Солскјер.