Дома Македонски спорт Скендеровски: Натпреварот со Србија можеби е најважен во нашата футсал историја

Скендеровски: Натпреварот со Србија можеби е најважен во нашата футсал историја

Македонската футсал репрезентација утре од 19:00 часот во С.Ц. „Јане Сандански“ го игра можеби најважниот натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По одличното реми на првиот натпревар против Србија, нашата селекција ќе се обиде по втор пат да го изненади силниот противник и да го направи клучниот чекор кон пласман на континенталниот шампионат. 

Селекторот Васко Скендеровски вели дека доколку одиграме со истата борбеност и тактички бидеме на високо ниво, можеме да се надеваме на позитивен резултат. 

– После одличниот резултат остварен во Врање, не очекува можеби најважниот меч во нашата футсал историја. Со победа речиси ќе бидеме пласирани на Европското првенство во Холандија. Но, како што реков и пред натпреварот во Србија и на овој меч мора да влеземе со ладна глава и со добра, пред сѐ тактичка поставеност на играта да го надмудриме поквалитетниот и посилен противник од нас. 

Добро е што во составот се враќа нашиот капитен Ранготов и ќе имаме поголем избор, но истовремено морам да напоменам дека голем хендикеп е неиграњето на Даниел Де Соуса, играч со големо искуство во вакви натпревари. Се надевам дека со голема борбеност и пожртвуваност ќе успееме по втор пат да го изненадиме најголемиот фаворит во нашата група и ќе ги израдуваме сите љубители на футсалот во Македонија, изјави селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…