Вчерашното дерби помеѓу Бока Јуниорс и Ривер Плата беше полно со драматични моменти меѓутоа голем хаос се случуваше по крајот на мечот.
Додека фудбалерите на Бока го напуштаа теренот беа жестоко навредувани од своите навивачи за поразот. Поголемиот дел од играчите не обрнуваа внимание, меѓутоа голманот Серхио Ромеро не можеше да издржи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ромеро беше веќе на половина пат до соблекувалната, но се врати за да се пресмета со оние кои го навредуваа. На крајот застана во последен момент и се помина со вербална расправија, иако за физичка пресметка малку недостасуваше.