Денес се одржува изборното собрание на ФФМ на кое Муамед Сејдини ќе биде реизбран за старо-нов претседател на куќатана фудбал.
Сејдини на собранието имаше и свое обраќање.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ќе играме на Европското првенство, па ФФМ и репрезентацијата ги живеат најсветлите моменти. За мене ова се моментите на гордост и слава, фудбалот не сплоти. За неколку месеци ќе играме на ЕП и сите сме среќни што ќе бидеме помеѓу најдобрите. Фала на сите што ми даваа поддршка во последните две години и нека ми простат оние кои сметаат дека правев грешки. Ние во федерацијата сме горди на сработеното“.
„Спремни сме да помагаме во повеќе проекти за да се развива фудбалот. Некои луѓе и институции се обидоа да фрлат дамка на целиот наш успех во 2020 година и со А-селекцијата и младата репрезентацијата, не прогласуваа за сива зона која работи надвор од законот. Не бегаме од разговор за нашиот статус и евентуално менување, заедно со УЕФА ФИФА и државното тело, но не сакаме да има уцени и мешање на политиката“, изјави Сејдини.