Дома Фудбал Три опции пред Салах – каде ќе ја продолжи кариерата?

Три опции пред Салах – каде ќе ја продолжи кариерата?

Мохамед Салах објави дека на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул и почнаа да се шпекулираат неговите идни планови.

Како што пишува „Дејли Мејл“, има заинтересирани тимови, а во играта најмногу се клубовите од Саудиска Арабија и МЛС лигата.

Според информациите кои ги носи Атлетик, Арабија останува сериозна дестинација. Посебно се издвојува Ал Итихад, кој уште во 2023 година се обиде да го доведе. Иако тогаш не дојде до реализација на трансферот, врските помеѓу двете страни се’ уште постојат.

Сепак, „Ливерпул Ехо“ носи информација дека Салах размислува и за враќање во Италија, каде што носеше дресот на Рома и Фиорентина.

Секако, Египќанецот има време за размислување и да донесе одлука што е најдобро за неговата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерот кој требаше да биде големо засилување за Вардар заврши во Украина

Жерсон Родригез брзопронајде нов ангажман по заминувањето од Вардар. Само неколку недели о…