Дома Фудбал Салах навистина сакаше да замине од „Енфилд“: Познато од колку пари се откажа за да го направи тоа

Салах навистина сакаше да замине од „Енфилд“: Познато од колку пари се откажа за да го направи тоа

Мохамед Салах и официјално го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, со што завршува една од најуспешните епохи во поновата историја на клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Потврдата за неговото заминување пристигна од клубот, со што се стави крај на сите дилеми за неговата иднина.

Сепак, деталите кои сега излегуваат во јавноста дополнително ја изненадија фудбалската јавност.

Салах беше подготвен на огромен финансиски отстап за да замине од Енфилд како слободен играч.

Се работи за последната година од договорот која му гарантираше енормна заработка.

Египќанецот, според договорот, заработуваше дури 400.000 фунти неделно. На годишно ниво, тоа изнесува 20,8 милиони фунти.

Кога таа сума се пресмета во евра, се доаѓа до приближно 24 милиони.

И покрај тоа, Салах реши да се откаже од тие пари за да го реализира посакуваното заминување.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико и Арсенал постигнале договор, но Алварез не сака ниту да слушне

Според информациите кои ги пренесува познатиот шпански портал Ел Чирингито ТВ, Атлетико Ма…