Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини во Скопје, објави „Алсат“
Информацијата за медиумот ја потврди и портпаролот на Федерацијата, кој откри дека Сејдини бил нападнат додека го напуштал ресторанот по работен состанок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во моментов не знам кој го изврши нападот. Бев во ресторанот и во моментот кога заминав на паркингот бев нападнат од три лица. Фала богу, лесно поминав. Се надевам дека органите на МВР и сите надлежни институции ќе преземат мерки за расветлување на случајот“, рече Сејдини.
Од МВР имаше потврда за инцидентот и објава дека се трага по сторителите.