
Од Мадрид доаѓа изненадувачка вест: Кристијано Роналдо Жуниор би можел да потпише договор со големиот Реал!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кристијано Роналдо Жуниор веќе се запозна со тренинзите во младинската академија на “Кралскиот клуб” и очигледно ги импресионираше тренерите со својот потенцијал.
Настапуваше за младинските екипи на Јувентус и Манчестер Јунајтед, се движеше заедно со својот татко, а сега се наоѓа во Ал Наср, каде е и Кристијано.
Сигурно размислува за неговото натамошно фудбалско патување во Европа и понатамошен развој на талентот.
Реал не брза и не сака само поради презимето да го ангажира младиот играч. Свесни се дека тоа може да биде тежок товар, па внимателно ќе размислуваат пред да донесат конечна одлука.
Кристијано Жуниор секогаш ја имал можноста да живее во спортскиот центар на Реал Мадрид.