Дома Македонски спорт Мак фудбал Чеферин го повикал Сејдини на итен состанок, позната и причината

Чеферин го повикал Сејдини на итен состанок, позната и причината

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес престојуваше во Европската куќа на фудбалот во Нион (Швајцарија) на покана на првиот човек на УЕФА.

Физичкиот напад врз нашиот претседател и последните случувања во нашата земја беа повод веднаш после натпреварот со Ерменија да биде свикан итен состанок од претседателот на УЕФА Александар Чеферин, а по добиените информации од УЕФА за политичко мешање во работата на Федерацијата, со што е загрозен нејзиниот интегритет.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Претседателот Сејдини, од прва рака и во детали го извести претседателот на УЕФА за настанатата ситуација а УЕФА изрази силна поддршка за заштита на ФФМ, и нејзиниот интегритет.

Претходно (вчера), УЕФА и ФИФА заеднички испратија писмен допис до ФФМ во кој бараат закажување на состанок со претставници на владата во најскоро можно време. ФФМ веднаш го пренесе овој допис до  владата на РМ во очекување на термин за бараниот состанок. 

УЕФА и ФИФА се непоколебливи во нивната намера да го задржат интегритетот на фудбалот и федерацијата.

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изрази искрени честитки за освеното прво место на македонската фудбалска репрезентација во групата Ц во Лигата на Нации со желби за понатамошни успеси и достигнувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…