
Во моментот е пауза за репрезентативните натпревари, но клубови како Јувентус веќе работат на летниот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесува „Газета дело Спорт“, „Бјанконерите“ подготвуваат чистка во наредниот трансфер период.
Имено, Лучано Спалети „пречкрта“ дури осум играчи од тимот.
Играчите кои на крајот на сезоната ќе можат да бараат нов клуб се: Луј Опенда, Џонатан Дејвид, Микеле Ди Грегорио, Василие Аџиќ, Филип Костиќ, Фабио Мирети, Тон Компартно и Едон Жергова.
Јувентус во моментов е 5-ти на табелата во Серија А по 30 кола, три бода помалку од Кома кој е на позиција која води во Лигата на шампионите следната сезона.