После дебаклот во Лигата на шампионите од Баерн (2:8) Барселона го отпушти Кике Сетиен.
Сетиен клупата на каталонскиот гигант ја превзема кога го наследи Ернесто Валверде и Барселона ја водеше на 25 натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес шпанските медиуми по изјавата на Сетиен дадена за викендот дека тешко е да се биде тренер на Меси откриваат дека Сетиен имал судир со Меси после натпреварот против Селта Виго минатата сезона.
Каталонците тогаш водеа голема борба со Реал и секој бод беше важен. Барселона водеше со 2:1, а тогаш Аспас постигна гол од слободен удар и така на Барселона и одзема два важни бода.
„Кадена Сер“ објави дека по тоа реми дошло до конфликт помеѓу играчите и Сетиен. Сетиен ги критикувал фудбалерите, а некои помеѓу кои бил и Меси се почувствувале навредено. Меси не останал без одговор, Аргентинецот со повисок тон му возвратил на Сетиен да бира со какви зборови се обраќа.
На тоа Сетиен тотално полудел и му порачал на Меси: Ако не ти се допаѓа тоа што јас го кажувам, знаеш каде е врата.
Меси потоа наводно останал малку збунет после што се насмеал свесен дека Сетиен го чека отказ.