Дома Фудбал Седум дена пред почетокот на припремите во тренинг центарот на Барселона се појавил неочекуван „гостин“

Седум дена пред почетокот на припремите во тренинг центарот на Барселона се појавил неочекуван „гостин“

Фудбалерите на Барселона наредната недела официјално ќе ги започнат припремите за новата сезона.

Играчите на каталонскиот клуб имаат уште седум дена одмор, освен фудбаерите кои играа на Копа Америка, тие добија нешто подолг одмор. Но, припремите во тренинг центарот на Барселона веќе започнале.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, сите биле изненадени кога утрово се појавил Осман Дембеле кој дошол да одработи тренинг седум дена претходно со цел во што подобра форма да ја дочека новата сезона.

Исто така тој побарал и еден тренер кој ќе работи со него пред да се приклучат останатите . Сигурно дека овој потег на Французинот ги изненадил сите, но и покажува дека Дембеле е максимално мотивиран во новата сезона да се прикаже во најдобро светло.

Фудбалерот најави одлична сезона и изрази надеж дека повредите нема да му прават проблеми како во претходните две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …