Големиот скандал околу Јувентус и обвинувањата за финансиски малверзации исто како да нема крај.
„Старата дама“ веќе беше казнета со 15 бода оваа сезона, но сега многу медиуми тврдат дека ќе има нови истраги и може да стигне до индивидуални казни за дел од фудбалерите кои учествувале во скандалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Обвинителството има докази дека во Јувентус од 2018 до 2020 година се водело двојно сметководство, а за тоа сведочеше и Пауло Дибала.
Фубдалерите кои се согласиле на тоа може да добијат суспензија до еден месец, а станува збор за Кристиано Роналдо, Пјаниќ, Маурицио Сари, Џорџо Киелини, Арон Рамзи и Адриен Рабио.