Дома Фудбал Останато Роналдињо проговори за апсењето: Многу е тешко и предолго трае!

Роналдињо проговори за апсењето: Многу е тешко и предолго трае!

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо е во Парагвај повеќе од три месеци и во моментов е во куќен притвор.

Роналдињо беше уапсен на почетокот на март заедно со неговиот брат за фалсификување документи. Тие влегоа во Парагвај со лажни пасоши, и беа уапсени набргу потоа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поминаа скоро два месеци во затвор и потоа беа ослободени во куќен притвор откако платија кауција од 1,5 милиони долари, а сега го чекаат исходот од судењето.

„Се што се случува е многу тешко за мене и сите што ме познаваат го знаат тоа. Добив многу пораки за поддршка и благодарен сум за тоа. Се надевам дека ќе излезам од оваа бура што е можно поскоро”, рече Роналдињо за „Мундо Депортиво“.

„Добро сме третирани во хотелот Палмарога. Имаме се максимално организирано и што е најважно, сите не почитуваат. Ова трае премногу долго и ние сме затворени скоро 90 дена и затоа е тешко за нас. Што се однесува до притворот, нема посебни настани. Имам можност да ја искористам салата и да го поминувам поголемиот дел од моето време таму. Се надевам дека сето тоа ќе заврши наскоро“, додаде Бразилецот.

Се очекува Роналдињо и неговиот брат Роберто да бидат осудени на казна затвор од шест месеци, а времето што ќе го поминат во притвор ќе биде вклучено во казната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…