Фудбалскиот клуб Барселона денеска ги претстави дресовите кои неговите играчи ќе ги носат во претстојната сезона, а во одличното промотивно видео се појавија легенди како Роналдињо, Иниеста и Пујол.
Дресот на Барселона потсетува на дизајнот од сезоната 2006/2007, а исто така место ригите на кои навикнавме да ги гледаме дресот е поделен на две половини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Под грбот стои логото на најголемиот спонзор на клубот од Камп Ноу – „Spotify“, а првите впечатоци на навивачите се одлични бидејќи не го кријат ентузијазмот за изгледот на дресот.
Инаку, Барселона неодамна потпиша нов десетгодишен договор со „Најк“ според кој ќе заработува 120 милиони евра по сезона.