Репрезентативецот на Македонија Стефан Ашковски кариерата ќе ја продолжи во Грција, јавуваат медиумите во оваа земја.
Ашковски постигнал договор со грчкиот прволигаш Ламија. Најавите се дека тој ќе потпише договор со Ламија до 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Ламија тој ќе пристигне од Сепси и ова ќе биде уште еден интернационален предизвик за него.
Во кариерата Ашковски претходно го носеше дресот на Партизан, Кајсери, Фортуна, Славија Софија…Минатата сезона ја помина во дресот на Сепси каде што на 41 натпревар постигна два гола и забележа две асистенции.