Дома Македонски спорт Ашковски: Бугарија е силна, но ние одиме на победа!

Ашковски: Бугарија е силна, но ние одиме на победа!

Фудбалската репрезентација вчера ги започна подготовките за претстојните натпревари во Лигата на Нации.

Селекторот Благоја Милевски и најголем дел од фудбалерите вчера го одработија првиот тренинг, дополнително се очекува пристигнување на уште неколкумина кои се уште имаат обврски кон своите клубови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За она што не очекува во периодот кој следи своја оценка даде Стефан Ашковски.

„Во 10 дена ќе одиграме четири натпревари. Бугарија е една силна репрезентација, но ние сме спремни и одиме на победа. Оваа репрезентација е како едно семејство и сигурно дека кој и да биде на теренот ќе даде се од себе. Ние сме горди што играме за оваа земја. Селекторот има систем кој функционира подолго време, секој на теренот си има свои задачаи и знае што треба да прави“, изјави Ашковски.

Македонија првиот натпревар го игра на гости во Разград на 2. јуни против Бугарија.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…