Дома Останати Авто Мото Раиконен со најбрзо време на загревачките тренинзи во Барселона

Раиконен со најбрзо време на загревачките тренинзи во Барселона

Вчера беше последниот ден од тестирањата во Барселона пред почетокот на новата сезона, а возачот на Ферари, Кими Раиконен го заврши денот, но и вкупните тренинзи со најбрзо време.

Раиконен беше единствен на овие тестирања со време под 1 минута и 19 секунди, возејќи 1.18.634 на супермеката компонента. На втората позиција вчера се најде возачот на Ред Бул Макс Ферстапен со скоро секунда побавно време.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Финецот беше еден од четири возачи кои денес извозија повеќе од 100 круга и покрај проблемот кој што го имаше кога болидот му запре на сред патеката. Денес беше продуктивен ден и за тимот на Торо Росо, за кои возачот Карлос Саинц извозе 132 круга и оствари трето време.

Актуелниот шампион во конструктори, Мерцедес, денес имаше тивок ден, а нивните возачи Валтери Ботас и Луис Хамилтон завршија четврти и петти со извозени вкупно 107 кругови.

Првата трка од новата сезона во Формула 1 треба да се вози во Австралија на 26. март, а според првичните покажани перформанси возачите на Мерцедес и Ферари се главните фаворити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…