Баерн Минхен ја обезбеди првата позиција во групата од Лигата на шампионите, додека во Бундеслигата се обидува да ја преземе првата позиција од Нагелсман.
Меѓутоа германските медиуми веќе некое време пишуваат за проблеми во тимот на Јулијан Нагелсман. Сега на незадоволните играчи се приклучил Павар. На претходните два натпревари Павар шанса добиваше од клупата во второто полувреме и тоа не му се допаднало.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Билд“ пренесува дека после победата против Мајнц од 6:2 прв заминал во соблекувалната и покажал незадоволство. Слична ситуација имало и на тренингот на Баерн. Имено, Павар прв го напуштил тренингот, но и прв си заминал од соблекувалната, се било снимено од камерите. Исто така се наведува дека фудбалерот во цел тренинг не разменил ниту еден збор со Нагелсман.
News #Pavard: First player who left the locker room yesterday. First player who left the green today. No eye contact with the coaches. Frustrating training performance. And: At this stage no concrete talks about a possible extension beyond 2024. @SkySportDE 🇫🇷 pic.twitter.com/6ymGRHZnHJ
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) October 30, 2022